Пелоси: Владината ревизија укажа на „замрсена мрежа од лаги“ во Белата куќа

Од:

Службата за отчетност на Владата укажа на „замрсена мрежа од лаги“ во врска со зaдржаната воена помош за Украина, и тоа го оцени како кршење на законот, изјави Ненси Пелоси на редовниот неделен брифинг за новинарите изутринава во Конгресот.

Спикерката на Претставничкиот дом говореше пред да започне, за денеска закажаното, презентирање во Сенатот на предметите од обвинението за импичмент на претседатлот на САД Доналд Трамп.

Владината ревизија посочи дека Канцеларијата за менаџмент и буџет (ОМБ) при Белата куќа го прекршила законот, изјави таа.

-ОМВ, Белата куќа, Администрацијата, го погазија законот и тоа покажува замрсена мрежа од лаги, изјави таа по објавувањето на одлуката, укажувајќи дека секојдневно излегува некаква инкриминирачка информација.

Истакна дека од исказите на Лев Парнас се укажува дека во скандалот со Украина вовлечен е и државниот обвинител Вилијам Бар

Пелоси испрати и сочувство за загинатите и повредените во серијата земотреси на Порторико. Побара Белата куќа да објави катастрофа за американската територија во Карипското Море, за да се обезбеди дополнителна помош за постраданите од постојаните потреси и земјотрси кои во Порторико се случуваа изминативе недели.

Истакна дека Конгресот денеска ќе излезе со нацрт закон за помош за пострадните во Порторико надевајќи се на брзо одобрување од Трамп.

Пелоси допре и други теми, како подбрување на здравствените услоги во земјата во рамките на државно спонзорираната Медикејд програма, за чистење на атмопсферата од загадување во некои воени бази каде биле испуштени хемикалии, и за стопирање на неповолните „предаторски“ зајмувачи на студенстки кредити во САД.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама