Пелоси: Трамп себеси се става пред потребите на другите Американци

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се става себеси на прво место „на штета на земјата“ затоа што ги прекина преговорите за нов пакет помош поради кризата предизвикана од пандемијата.

Пелоси рече дека Трамп „ги покажал своите вистински бои“ со стопирање на разговорите меѓу претставниците на Конгресот и Белата куќа, кои имаа за цел договор за усвојување на две илјади милијарди долари нова помош во борбата против коронавирусот.

Таа додаде дека „претседателот во заминување“ не сака да го уништи вирусот и дека ги игнорира потребите на децата и другите Американци. Пелоси истакна дека Белата куќа очигледно „се распаѓа“.

Трамп најави прекинување на преговорите откако се врати во Белата куќа од тридневниот престој во болница, каде се лекуваше од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус