Пелоси одби двајца Републиканци за комисијата за истрага на нападот на Конгресот, Мекарти ги повлече сите кандидати

Од:

Лидерот на Републиканците во Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти ги повлече сите пет кандидати за специјалната комисија што го истражува нападот на Конгресот на 6 јануари.
Тој тоа го стори откако спикерот на Долниот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, одби да ја прифати кандидатурата на двајца од нив, пренесува Глас на Америка.

dobivaj vesti na viber

Пелоси ја отфрли препораката конгресмените Џим Џордан и Џим Бенкс, двајцата енергични приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, да работат во комисијата за истрага на приврзаниците на Трамп кои упаднаа во Конгресот, со цел да се спречи потврдата за изборната победа на претседателот Џо Бајден.

„Со оглед на интегритетот на истрагата, инсистирањето на вистината и загриженоста за изјавите и некои потези на овие членови на Претставничкиот дом, мора да го отфрлам предлогот конгресмените Бенкс и Џордан да бидат членови на комисијата“, рече Пелоси.

Таа изјави дека „природата на настаните на 6 јануари, кои беа без преседан, ја бараше и оваа одлука без преседан“.

Мекарти рече дека „Републиканците нема да бидат учесници во овој лажен процес“ и наместо тоа ќе спроведат „истрага за утврдување на фактите“.

Пелоси формираше 13-члена комисија откако Републиканците во Претставничкиот дом го отфрлија претходниот обид за формирање двопартиска комисија за истражување на насилството во Капитол.

Таа претходно номинираше една Републиканка, Лиз Чејни, за член на комисијата и рече дека ќе прифати тројца кандидати на Мекарти – Родни Дејвис, Кели Амстронг и Трој Нелс, по што побара од него да избере двајца нови членови на комисијата.

Во немирите на 6 јануари загинаа четири лица.

Би можело да ве интересира

Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид

Ана Ололовска

САД санкционираат 24 компании за искпораки во Русија, Пакистан и Иран

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пукање во супермаркет во САД, има ранети

Ана Ололовска

САД бараат одлагање на вонредните избори во северно Косово

А1он

САД и Израел заеднички развиваат ласерски систем за против-воздушна одбрана

Ана Ололовска

Кенеди центарот ги додели овогодишните награди за исклучителен придонес во американската култура

Ана Ололовска