Пелоси го покани Бајден да се обрати во двата дома на Конгресот на 28 април

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го покани американскиот претседател Џо Бајден за првпат да се обрати на заедничка седница на двата дома на 28 април.

Пелоси го покани шефот на државата „да ги сподели своите ставови за справување со предизвиците и можностите на овој историски момент“.

Речиси е сигурно дека говорот ќе се разликува од традиционалната заедничка седница на двата дома на Конгресот поради пандемијата на коронавирусот, јавија американски медиуми.

Во февруари, Пелоси најави дека ќе го покани Бајден да одржи говор откако Конгресот го усвои неговиот план за помош на економијата во корона-кризата од 1,9 трилиони американски долари. Претседателот го потпиша законот на 11 март.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин