Пекинг со предизвик до САД да го намали нуклеарниот арсенал на кинеско ниво

Од:

Кина „со задоволство“ би учествувала во трилатерални разговори за контрола на оружјето со САД и Русија, но само доколку САД се подготвени да го намалат својот нуклеарен арсенал на кинеско ниво, изјави денеска Фу Цонг, шеф на Одделот за контрола на вооружување при кинеското МНР.

Вашингтон повеќе пати ја повикуваше Кина да се приклучи на трилатералните разговори за продолжување на Новиот СТАРТ, договор меѓу Русија и САД за нуклеарно оружје што истекува во февруари 2021 година.

Фу потенцира дека Пекинг нема намера да влезе во преговорите на двата поранешни непријатели од Студената војна, со оглед дека нуклеарниот арсенал на Америка е 20 пати поголем од кинескиот.

– Ве уверувам, ако САД кажат дека се подготвени да се спуштат на кинеско ниво, Кина ќе биде среќна уште следниот ден да се приклучи на преговорите. Но, знаеме дека тоа нема да се случи, рече Фу.

Тој оцени дека повикот на Вашингтон до Пекинг за приклучување кон преговорите не служи за ништо друго освен за свртување на вниманието и изговор САД да се откаже од продолжување на договорот Нов Старт.

Би можело да ве интересира

Кинески медиуми: Кина нема да ја дозволи американската „кражба“ на ТикТок

А1он

САД може да ги протераат сите кинески новинари, тврди уредник од Кина

А1он

Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради тропската бура Исајас

А1он

Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит

Ана Ололовска

Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании, размислува и за забрана на „Тик Ток“

А1он

Невработените Американци од утре може да останат без државна финансиска помош

А1он