Пекинг најави „важен состанок’’ меѓу претседателите на Кина и Јужна Кореја

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Кина, Танг Џиаксуан денеска во Сеул најави дека на почетокот на ноември во Пекинг ќе се одржи „важен состанок’’ меѓу кинескиот претседател Кси Џинпинг и претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хие.

Според проценките на аналитичарите во Сеул, двајцата претседатели ќе потпишат повеќе билатерални спогодби меѓу Кина и Јужна Кореја, но поважно од тоа ќе бидат разговорите за состојбите на поделениот Корејски Полуостров.

Кина е најзначајниот политички партнер и поддржувач на Северна Кореја, а нејзината дипломатија подолго време е директно вклучена во посредување за решавање на споровите меѓу Сеул и Пјонгјанг.

Јужнокорејанските електронски медиуми најавената средба на Парк со кинескиот претседател најчесто ја доведуваат во врска со можните преговори на високи државни и воени претставници на двете Кореи, чиј почеток се најавува за крајов на овој месец,

Како придонес на Сеул за нормализација на односите со Пјонгјанг се истакнува забраната на властите за пуштање балони со пораки од јужната кон северната држава на Полуостровот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени