Пекинг го обвини Лондон дека долева масло на огнот во Хонг Конг

Од:

Кина денеска ја обвини Велика Британија дека „долева масло на огнот “ во Хонг Конг, по вчерашниот напад на продемократските демонстранти врз хонгконшката министерка за правда во Лондон.

-Ја повикуваме Велика Британија веднаш да ги испита настаните, да направи максимален напор да ги уапси сторителите и да ги изведе пред суд, како и да ја гарантира безбедноста и достоинството на кинеските официјални претставници, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Хонгконшката министерка за правда Тереза Ченг вчера беше нападната од десетина продемократски демонстранти во Лондон, кога се подготвувала да оддржи говор во една институција. Демонстрантите ја опколиле и и викале „Убиец“, по што таа паднал на земја.

Снимките покажуваат дека набрзо потоа таа се кренала и дека обезбедувањето ја однело без видливи повреди, но Владата на Хонг Конг во соопштение наведе дека министерката претрпела „сериозни телесни повреди“. Во соопштението од владата се наведува дека миниерската веднаш ја информирала лондонската полиција и побарала случајот сериозно да биде сфатен и сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Шефицата на Владата во Хонг Конг, Кери Лам, исто така, го осуди инцидентот наведувајќи дека „ овој дивјачки чин ги минува границите на секое цивилиизрано општество“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала