Пекинг апелира: Сите страни да останат мирни по инцидентот во Полска

Од:

Денеска уследи прва официјална реакција на Кина за вчерашниот пад на ракета врз полско село, во кој загинаа две лица. Како што јави АФП, официјален Пекинг порача дека „сите страни треба да останат мирни“ по инцидентот во Полска.

Вчера ракета падна врз полското село Пржеводов, кое се наоѓа покрај границата со Украина. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за инцидентот, која пак тврди дека станува збор за „провокација“ и негираше дека го испукала проектилот.

Претседателот Џо Бајден рече дека е „неверојатно“ проектилот што ја погоди Полска да бил истрелан од Русија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин