Пејчиновиќ-Буриќ ја осуди агресијата на Русија и повика на солидарност со Украина

Од:

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, во обраќање на вонредната пленарна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) зборуваше за одговорот на организацијата на тековната руска агресија врз Украина, јави дописникот на МИА.

-Откако одлуката за суспендирање на руското претставување во СЕ беше донесена на 25 февруари, нејзините власти ниту се повлекоа од нашата Организација, ниту се повлекоа од својата брутална кампања во Украина, рече таа.

Таа додаде дека остана сериозното прекршување на член 3 од Статутот на СЕ.

-Нашиот Комитет на министри – нашите земји-членки – треба да одлучат што, доколку нешто, треба сега да се направи: дали да се остави суспензијата во сила или да се побара од Русија да се повлече… Во согласност со Статутот, тие со право бараат Мислење од ова Парламентарно собрание за тоа кои треба да бидат следните чекори. Знам дека внимателно ќе ги разгледате прашањата, а и јас со нетрпение очекувам да ги слушнам вашите заклучоци, рече Пејчиновиќ-Буриќ.

Изразувајќи го своето вознемирување од шокантните слики што се појавија од Украина на бегалци кои бегаат од насилството и уништувањето, генералниот секретар истакна дека „пред се друго, ова е трагедија за Украина“ и нагласи дека во моментов наш приоритет е „да застанеме до украинскиот народ и нашите украински колеги во солидарноста и поддршката“.

Таа, исто така, ја искористи можноста јасно да каже дека во тешките времиња што претстојат целите на Советот на Европа нема да се променат: тој ќе продолжи да ги штити и промовира европските стандарди во човековите права, демократијата и владеењето на правото во корист на сите граѓанин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ