Пејачот на „Продиџи“ извршил самоубиство

Од:

Пејачот на легендарниот бенд „Продиџи“, Кејт Флинт, извршил самоубиство, објави групата на официјалната страна на Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

– Веста е вистина, не можам да верувам дека го кажувам ова, но нашиот брат Кејт викендов извршил самоубиство – се вели во пораката на Инстаграм.

Фронтменот на групата „Продиџи“, Кејт Флинт, умре на 49-годишна возраст. Флинт бил пронајден мртов во куќата, а полицијата вели дека не станува збор за сомнителна смрт. „За жал, 49-годишниот пејач беше прогласен за мртов на местото на настанот, се чини дека е природна смрт, но телото е испратено на обдукција”, соопшти британската полиција.

Флинт стана едно од најпрепознатливите лица на британската сцена од деведесеттите години на минатиот век, кој се истакна со својот енергичен стил и ексцентрична коса.

Би можело да ве интересира

Пејачот на „Продиџи“ имал милионски долгови пред смртта

А1он

Фронтменот на „Продиџи“ се обесил, заклучија форензичарите

Светската атракција групата „Продиџи“, вечерва во Охрид

А1он

„Продиџи“ ќе донира за поплавените во Скопје

Емир Латифовиќ