Патрушев: Русија ги зголемува безбедносните мерки во Балтичкото Море

Од:

Помошникот на претседателот на Русија Николај Патрушев изјави дека Русија го зголемува нивото на безбедност во Балтичкото Море, оценувајќи дека тоа е најважната воено-политичка задача откако Шведска и Финска станаа членки на НАТО и по експлозијата на гасоводот Северен тек.

„Американците и нивните европски сојузници поставија курс за милитаризација на Балтичкото Море, тоа е традиционална стратегија за Западот, дури и за време на Кримската војна, Британците и Французите се обидоа да го заземат Кронштат. Во двете светски војни, Германците се обиделе да се зацврстат на рускиот брег на Балтикот. Нашите морнари секогаш ги уништувале плановите на агресорот“, рече Патрушев, пренесува РИА.

Патрушев рече дека Русија ги зголемува безбедносните мерки и презема дополнителни активности на Балтикот со цел да го зачува својот територијален интегритет и економски суверенитет.

На крајот на минатиот месец, Германија го обнови меѓународниот поморски штаб за Балтикот, кој е способен да води можни операции на НАТО за време на конфликтот.

Персоналот на поморскиот штаб за Балтикот доаѓа од 11 земји – Данска, Естонија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска и Шведска, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија е подготвена за разговори со Украина

Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Рјабков: Соработката за нуклеарно разоружување стана неприфатлива

Грушко: ЕУ загуби повеќе од 1,5 милијарди евра поради санкциите против Русија

Баталјон составен од поранешни украински војници се бори на страната на Русија