Пашинјан: Примирјето пропадна, направивме сè што беше до нас

Од:

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека примирјето што стапи во сила утрово во Нагорно Карабах, не се оствари.

Од друга страна, Азербејџан денеска го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

– Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на групата од Минск, но ерменската страна стори се за да го почитува примирјето и армијата беше воздржана. Но, во вториот дел од денот можеме да констатираме дека не успеавме да го зачуваме примирјето, рече Пашињан во видео објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан соопшти дека „азербејџанската армија денеска дури и го зголемила интензитетот на нападите, користи артилерија и тенкови, долж линијата на раздвојување во Нагорно Карабах.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска