Пашинијан: Турција да биде спречена да се вклучи во конфликтот

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан денеска изјави дека моменталните борби на Азербејџан во Нагорно Карабах, кои тој ги нарекува провокација, биле испланирани претходно.

„Неодамнешните агресивни изјави на азербејџанското раководство, сеопфатните заеднички воени вежби со Турција, како и неприфаќањето на предлогот на ОБСЕ за мониторинг, јасно укажуваат дека агресијата била планирана претходно и дека станува збор за голема провокација против мирот и безбедноста во регионот“, напиша ерменскиот премиер на Твитер.

Утрово дојде до нова ескалација во регионот Нагорно-Карабах, поради што во Ерменија и непризнатата Република Нагорно Карабах е прогласена воена состојба и мобилизација.

Никол Пашинијан денеска ја повика меѓународната заедница да се обезбеди Турција да не се вклучува во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах.

Турција, сојузникот на Азербејџан, претходно остро ја критикуваше Ерменија за конфликтот од утринава меѓу ерменските и азербејџанските сили, соопштувајќи дека Ереван е пречката за мирот и дека Анкара му дава отворена поддршка на Баку, пренесоа британските медиуми.

Пашинијан оцени дека однесувањето на Турција може да има деструктивни последици за Јужен Кавказ и соседните региони.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски