Партнерката на Асанж бара од Трамп да го помилува основачот на „Викиликс“

Од:

Партнерката на Џулијан Асанж, адвокатката со шпанско и шведско државјанство, Стела Морис, денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува основачот на Викиликс.

– Ве молам донесете го дома за Божик, напиша Морис на Твитер на американскиот празник, Денот на благодарноста.

Таа објави и фотографија од нивните две деца.

– Ова се синовите на Џулијан, Макс и Гejбриел. Ним им е потребен татко. Нашето семејство треба повторно да е заедно, рече Морис.

Асанж (49) е во затвор во Велика Британија и чека одлука дали ќе биде екстрадиран во САД, каде се соочува со обвиненија за шпионажа. Морис тврди дека тој може да се движи само во затворската ќелија поради ограничувањата и пандемијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Асанж би можел да избегне екстрадиција