Партијата на ривалот на Нетанјаху одбива Влада на единство

Од:

Најголемиот ривал на конзервативнната партија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, центристичката Сино-бела партија на Бени Ганц, денеска соопшти дека ги отфрла барањата за формирањен на влада на единство под раководство на Нетанјаху, во која би биле и што би ги вклучило неговите десничарски ултраортодоксни сојузници.

Сино-белиот центристички сојуз, по средбата со претставници на Ликуд, соопшти дека „од почетокот јасно ставила до знаење“ дека ќе ги отфрли условите на премиерот, со образложение дека тие имаат за цел да го „вовлечат“ Израел во трети избори годинава „во согласност со интересите на премиерот“.

Сино-белата алијанса, предводена од поранешниот началник на израелскиот Генералштаб, освои најмногу места, 33, еден повеќе од Ликуд на изборите одржани на 17 септември.

Ниту една партија, сепак, нема доволно поддршка да формира мнозинство од 61 пратеник во Кнесетот, каде има вкупно 120 пратеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел