Партијата на Ердоган изгуби, Истанбул има нов градоначалник

Од:

Турската Изборна комисија го прогласи опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, без оглед на жалбата која вчера ја поднесе партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Правда и развој“ за поништување на изборите.

Откако го доби мандатот од Изборната комисија, Имамоглу отиде во Градскиот совет на Истанбул, каде контролата веќе 25 години ја имаат одборници од партијата на Ердоган.

Новиот градоначалник рече дека тој е во служба на 16 милиони лица, а не само на едно, една група или една партија. Илјадници негови приврзаници се собраа пред Градскиот совет за да ја прослават неговата победа.

Партијата Правда и развој, на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера поднесе жалба со која бара да се поништат и повторно да се одржат општинските избори во Истанбул

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески