Парламентот по шести пат не успеа да избере претседател на Либан

Од:

Либанските пратеници денеска по шести пат не успеаја да изберат шеф на државата, која е без претседател од 1 ноември, додека политичкиот ќор-сокак се влошува во услови на економска криза.

Либанскиот парламент е длабоко поделен меѓу противниците на проиранскиот Хезболах, кои го поддржуваат Мишел Муавад, и пратениците од силната проиранска партија која ги блокира изборите. Ниту една страна нема јасно мнозинство.

Муавад, синот на поранешниот претседател Рене Муавад, кој беше убиен во 1989 година, денеска освои 43 гласа, половина од 86-те потребни за да биде избран во првиот круг или 65 гласови потребни во вториот круг.

Лидерот на Хезболах Хасан Насрала, рече дека би сакал претседателот на Републиката да не биде подреден на САД и дека тој е за отпор кој е отелотворен во таа организација, која има вооружено крило. Муавад се смета за близок до САД.

Пратеникот Марк Дау од движењето Народен протест во 2019 година рече дека процесот е во целосен застој. Тој ги обвини приврзаниците на Хезболах и нивните сојузници дека ги блокираат изборите со тоа што не гласаа за ниту еден кандидат во првиот круг и ја напуштија салата пред второто гласање за да нема кворум.

Пратеникот Али Хасан Калил од шиитското движење Амал, сојузник на Хезболах, го бранеше ставот на блокот, тврдејќи дека не постои можност за избор на претседател доколку нема договор меѓу пратениците. Неговиот блок се уште не го објави името на својот кандидат.

Следната седница на парламентот е закажана за 24 ноември.

Мандатот на актуелниот претседател Мишел Аун истече на 31 октомври. Процесот на избор на неговиот наследник ќе трае со месеци поради политички несогласувања. Аун беше избран во 2016 година по 29 месеци без шеф на државата.

Врз основа на системот за поделба на власта, функцијата претседател на републиката е резервирана за маронитски христијанин.

Од 2019 година, Либан се соочува со една од најтешките економски кризи во светот и со невидено осиромашување на населението.

Од 1 ноември, земјата ја води влада во оставка одговорна само за секојдневните работи и без овластувања да носи важни одлуки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца

Хезболах истрела најмалку 30 ракети од Либан кон северен Израел