Парламентот на Казахстан ја прекинува употребата на кирилицата

Од:

Долниот дом на Парламентот во Казахстан ќе почне да користи латинично писмо наместо кирилицата, соопшти денеска парламентарната пресслужба. Сите имиња на пратениците и табли во Парламентот се испишани на латиница, како и текстот на соопштението.

На 26 октомвру 2017 година тогашниот претседател на државата Нурсултан Назарбаев потпиша указ за преминување на казахстанскиот јазик од кирилица на латиница.

Новата азбука ќе има 32 букви, некои со надреден знак.

Јазикот во државата е спорна тема и во моментот има два официјални јазика – казахстански и руски. Повеќето Казахстанци гледаат скептично на планираните промени, и не гледаат смисла на промените што треба скапо да ја чини државата.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски