Парламентарните избори во Венецуела закажани за 6 декември

Од:

Парламентарните избори во Венецуела ќе се одржат на 6 декември, соопшти Националниот изборен совет (ЦНЕ), јави ДПА.

Шефицата на ЦНЕ, Индира Алфонсо, во изјава за телевизијата кажа дека Советот „едногласно го одобри и повикот за изборниот процес и изборниот распоред“.

ЦНЕ во вторникот соопшти дека ќе го зголеми бројот на пратенички места во Националното собрание од сегашните 167 на 277, што ќе почне да се применува во парламентот во мандатот 2021-2026 година.

ЦНЕ соопшти дека зголемувањето ќе се реализира за да се „постигне рамнотежа“ меѓу пропорционалните гласови и номиналните гласови потребни по растот на бројот на политички партии што учествуваат на изборите.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо претстојното гласање го оцени за „фарса“.

„Ние Венецуелците не признаваме фарса, како што не направивме и во мај 2018 година. Правото на глас ќе биде нашата борба. Ние избираме да живееме со достоинство и демократија, а не со наметнувања“, напиша Гуаидо на Твитер синоќа.

Претседателот Николас Мадуро во мај 2018 година го осови својот втор мандат на изборите што ги бојкотираше поголемиот дел од опозицијата. Тој е претседател во време на огромна економска и политичка криза што во странство избрка околу пет милиони Венецуелци.

Гуаидо беше избран за претседател на Парламентот во јануари 2019 година и потоа, откако се самопрогласи за претседател на земјата, беше признат за привремен претседател на Венецуела од околу 50 земји.

Но, Гуаидо не успеа да го собори Мадуро, кој е поддржан од војската. Од тие причини, минатиот јануари сојузникот во владата, Луис Пара, беше избран за претседател на Парламентот, на официјално, но оспорено гласање.

Врховниот суд неодамна ја потврди функцијата на Пара и притоа ги замени лидерите на две највлијателни опозициски партии, поставувајќи на нивни места луѓе блиски до владеачката партија на Мадуро, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски