Парламентарен соработник на Нетанјаху позитивен на коронавирус, не се знае дали и премиерот е инфициран

Од:

Парламентарен соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бил позитивен на тестот за коронавирус, соопштија денеска официјални лица од неговиот кабинет за британските медиуми. Но, оттаму не кажаа дали и 70-годишниот израелски лидер бил изложен на вирусот или дали тоа влијае врз неговата работа.

– Ние ќе преземеме акција во согласност со директивите на Министерството за здравство, изјави официјален претставник, објавувајќи ја дијагнозата на помошникот, за кого израелските медиуми соопштија дека се наоѓа во добра состојба.

Министерството за здравство генерално бара 14-дневна самоизолација и можно тестирање на коронавирус за секој кој се смета дека бил во близина со заразено лице.

Израелските медиуми соопштија дека парламентарниот помошник бил присутен на седницата на парламентот минатата недела на која присуствувале Нетанјаху и опозициските пратеници на која се обидуваа да формираат коалициска Влада на национално единство за да се помогне во решавање на кризата со пандемијата од коронавирусот.

Израел досега има пријавено 4.247 случаи на заразени лица и 15 со смртни последици.

Со предупредувањето од Министерството за здравство дека земјата може да се соочи и со илјадници мртви, Нетанјаху денеска требаше да ги свика релевантните претставници на разговори за предложената блокада на некои делови од земјата.

Како мерка на претпазливост Нетанјаху веќе беше тестиран за коронавирус на 15 март, а резултатот беше негативен, соопштија од неговиот кабинет, пренесувата британските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск