Парламент: Курдите на 25 септември ќе гласаат за независност од Ирак

Од:

Парламентот на Ирачки Курдистан изгласа денеска одржување референдум за независност од Ирак на 25 септември, како што беше претходно најавено.

Одржувањето на референдумот, како што смета меѓународната заедница, ќе предизвика нова нестабилност во регионот, кој се соочува со терористичката организација Исламска држава.

Официјален Багдад е против одржување на референдумот, а исто така и Иран и Турција, кои најавија соодветни реакции доколу се случи осамостојување на Ирачки Курдистан. Турски претставници дури истакнаа дека постои можност и за употреба на сила.

Парламентот одржа седница во Ербил, во северниот дел на Ирак.

Претседателот на автономната област Масуд Барзани претходно денеска изјави дека референдумот нема да биде откажан, иако САД и западните сили го побарале тоа од Курдите.

– Се уште немаме добиено предлог кој би бил алтернатива за курдскиот референдум, нагласи Барзани.

Би можело да ве интересира

Најмалку 16 загинати и 75 повредени ирачки шиити во стампедо на празникот Ашура во Карбала

Тројца турски војници загинаа во судири со курдските милитанти

Ана Ололовска

Израел го нападнал Ирак со согласност на САД и Русија, тврди арапски весник

Ана Ололовска

Во Ирак убиен близок соработник на ал Багдади

Еден загинат и 29 повредени во експлозии во складиште за оружје во Ирак

Татјана Ташкова

Оџалан: За една недела можам да го решам судирот меѓу Турција и Курдите