Парижани не ги почитуваат здравствените мерки, полицијата интервенира на кејовите на Сена

Од:

Париската полиција на два пати во последната недела ги евакуираше кејовите на Сена, откако проценила дека здравствените мерки не се правилно применети.

Многубројни парижани сакаа да го искористат убавото време и излегоа на воздух и сонце, особено на кејовите на Сена. Овие спонтани собири ја загрижија полицијата која мораше да ги евакуира кејовите на Сена.

– Здравствените мерки преземени за борба против ширењето на Ковид-9 не се почитуваат на кејот на Сена, се правда префектурата на полицијата по двојната интервенција на силите на редот.

Ако, за разлика од Па-де-Кале, Париз и Ил-де-Франс не се ограничени, главниот град останува под засилен надзор. Префектурата на тој начин потсети, дека на сила е забраната за консумирање алкохол на различни места во главниот град и ги покани сите да ги почитуваат сите здравствени мерки за борба против ширењето на вирусот, особено со избегнување на преполни места.

Рестораните, баровите и кафулињата се затворени во Франција од крајот на октомври минатата година.

Во текот на ноќта, полицијата веќе беше мобилизирана за да стави крај на тајна забава што се одржа во 14-от арондисман во Париз.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден