Париз за прв пат добива градоначалничка?

Од:

Прв пат во историјата на Париз борбата за градноначалничкото место може да стане исклучително женска „работа“. Најмалку три жени веќе ја најавија својата „борба“ за местото на градоначалник, каде некоја од нив би го заменила актурлниот Бертан Далано, пренесува AFP.

На актуелниот социјалистички градоначалник Бертран Делано функцијата му истекува следната година. Ова е изненадување во Франција, каде најважните работни места традиционално се резервирани за мажите.

Намерата да учествува во натпреварувањето прва го соопшти Натали Кочушко- Моризе, некогашна портпаролка на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Нејзина конкурентка би можела да биде Рашида Дати, некогашна министерка за правда во владата на Саркози.

Меѓу потенцијалните кандидатки е и министерката за домови Сесил Дифло од Партијата на зелените, а тука е и заменичката на градоначалникот Ан Идалго,блиска пријателка на популарниот Делано.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна