Париз сака договор за мигрантските прашања меѓу ЕУ и Велика Британија

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен повика на преговори за договор за мигрантските прашања меѓу Европската унија и Велика Британија.

– Треба да одржиме преговори за договор, бидејќи преговарачот на ЕУ Мишел Барние не го стори тоа како дел од преговорите за брегзит, изјави Дарманен, додавајќи дека Франција ќе го разгледа прашањето од 1 јануари кога ќе го преземе шестмесечно претседателство со ЕУ.

Дарманен ги повика британските власти да ги исполнат своите ветувања за финансирање на борбата против илегалната имиграција на францускиот брег.

– Владата во Лондон не учествуваше финансиски како што беше ветено досега. Ги повикуваме Британците да ги исполнат своите финансиски ветувања, рече францускиот министер.

На крајот на јули, Велика Британија се обврза да и даде на Франција 62,7 милиони евра за периодот 2021-2022 година за да ја зајакне борбата против илегалната имиграција на бреговите на Франција.

Британските медиуми објавија дека британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, на почетокот на септември се заканила дека нема да има плаќања поради доаѓањето на мигрантите што го минуваат Ламанш.

– Франција ја обезбедува границата за нашите британски пријатели повеќе од 20 години, наглчаси Дарманен и потсети дека Франција дополнително ангажирала жандарми и технолошки средства за заштита на границата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор