Париз разгледува опции за нова испорака на системи „Сезар“ во Украина

Од:

Франција разгледува опции да испрати дополнителен број самоодни артилериски системи Сезар во Украина, која повеќе од седум месеци се обидува да ја одбие руската армија од нејзината територија, објави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

„Работиме на неколку барања, со неколку земји од Европската унија, конкретно за нови системи Сезар“, рече Макрон на прес-конференција по првиот состанок на европската политичка заедница во Прага.

Од почетокот на конфликтот, Франција ја снабди Украина со 18 системи Сезар од 155 милиметри монтирани на камиони со дострел до 40 километри, како и противтенковски и противвоздушни ракети, оклопни транспортери, гориво и околу 15 самоодни хаубици TРФ1 од 155 мм.

Париз сега разгледува опции за снабдување на Киев со уште 6 до 12 системи Сезар од нарачка наменета за Данска, изјави извор за француски медиуми. Франција, исто така, ја истражува можноста за снабдување на Киев со 20 оклопни возила Бастион.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин