Париз предупреди дека волјата на Ким Џонг-ун за нуклеарно разоружување мора да се потврди

Од:

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „неоспорен напредок”, но волјата, прикажана од Ким за нуклеарно разоружување, „треба да биде потврдена”, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Во интервју за францускиот телевизиски канал „Се њуз” (CNews) министерот додаде дека „Северна Кореја, која се закануваше на светскиот мир … на самитот одлучи да започне нуклеарно разоружување, што е многу добро. Сега треба тоа и да го потврди, односно да го спроведе“.

Францускиот министер рече дека во минатото, таткото на Ким Џонг-ун најавувал одредени активности како денуклеаризација, но ништо не се доби.

– Поради тоа, добрата вест треба да биде проследеао со потврда дека принципот за денуклеаризација, соопштен на самитот, е навистина неповратен и предмет на проверка. Треба внимателно да се следи како се спроведува оваа денуклеаризација, приближување меѓу Северна и Јужна Кореја, како се почитуваат човековите права во Северна Кореја, а потоа ќе видиме, рече шефот на француската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо