Париз бара Лондон да достави „јасен“ план за Брегзит

Од:

Британската Влада треба да достави „јасен“ план во врска со нејзините идеи за Брегзит, пред одржувањето на Самитот на ЕУ предвиден за идната недела, соопшти денеска Елисејската палата.

– Без разјаснување на позициите не е можно решение, се наведува во соопштението на Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според Елисејската палата, ако сегашниот Договор за Брегзит биде дефинитивно отфрлен од страна на британскиот Парламент, Лондон ќе треба да понуди „јасен и алтернативен план“ за истапувањето од ЕУ или во спротивно Велика Британија ќе треба да ја напушти Унијата без договор.

Реакцијата на Париз следи откако синоќа Долниот дом на британскиот Парламент со 412 гласа „за“ и 202 „против“ го усвои предлогот на Владата на премиерката Тереза Меј за одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ за по 29 март.

Со Одлуката се предвидува Брегзитот да се одложи до 30 јуни, доколку Долниот дом до 20 март го одобри Договорот за британското истапување од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.

Доколку, пак, до 20 март пратениците и по третпат не го одобрат Договорот, британската Влада ќе бара подолгорочно одлагање на Брегзитот, но ЕУ ќе мора да се согласи со барањето и да ги постави условите за тоа.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Франција абортусот го прогласи за уставно право