Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција се зголемува на 200 евра

Од:

Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција од денеска се зголемува на 200 евра, наспроти досегашната од 135 евра. Казната се однесува за излегување надвор без потврда за време на полицискиот час или непочитување на дополнителните мерки наметнати од префектурата, јави дописникот на МИА од Париз.

Владата на Едуар Филип вети построги мерки за да ги натера Французите да останат дома.

Уредбата објавена денеска во Службениот весник предвидува зголемување на казната на 200 евра, а се зголемува на 450 евра во случај на повторно казнување, наспроти 375 од претходно.

Француските сили на редот од почетокот на кризата казнија 225.000 лица, а извршиле 3,7 милиони контроли.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден