Папата повикува на „ден за молитва“ за Украина

Од:

Папата Франциск денеска повика на меѓународен „ден на молитва“ на 26 јануари за да се запре влошувањето на кризата во Украина, за која тврди дека ја загрозува безбедноста на Европа.

dobivaj vesti na viber

За време на неговото неделно обраќање и благослов на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Франциск повика на повик за дијалог за смирување на украинската криза.

Американските и руските дипломати во петокот не успеаја да постигнат напредок во преговорите за Украина, иако се согласија да го продолжат дијалогот. Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен се закани со „брзи и сериозни санкции“ доколку Русија изврши инвазија врз Украина. Велика Британија го обвини Кремљ дека се обидува да формира проруска влада во Киев.

„Со загриженост ги следам растечките тензии кои се закануваат да бидат нов удар за мирот во Украина и да внесат сомнеж за европската безбедност, со уште поголеми последици“, рече Франциск.

Тој ги повика „сите луѓе со добра волја“ да се молат следната среда за сите политички иницијативи „да имаат корист за човечкото братство“, а не за одредени интереси. Ватикан се уште не откри како Франциск ќе го одбележи денот.

„Оние кои ги следат своите интереси на штета на другите го презираат нивниот човечки повик, бидејќи сите сме создадени како браќа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почнаа вежби: Белорусија се подготвува за војна?

Украински разузнавач: Путин избегна атентат

Гаспром продолжува да ја снабдува Европа со гас преку Украина

Ана Ололовска

Француски министер: Ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во ЕУ

Ана Ололовска

Литванија од утре без гас, нафта и струја од Русија

Предраг Петровиќ

Русија: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена, се предадоа сите