Папата повика на соработка за создавање вакцина против Ковид-19

Од:

Папата Франциск ги повика државите да ги обединат напорите и во рамки на меѓународната соработка да создадат вакцина и средства против новиот коронавирус.

За време на традиционалната неделна молитва тој истакна дека е важно да се обединат научните можности и вештини, со цел да се најде вакцина и да се обезбеди универзален пристап до основните технологии, кои ќе му овозможат на секој заразен да го добие потребниот медицински третман, без разлика каде се наоѓа во светот.

Поглаварот на Римокатоличката црква ја поддржа иницијативата на Врховниот комитет за човечко братство на 14 мај да одржи заедничка молитва и пост со учество на претставници на сите религии со цел да се надмине пандемијата.

Врховниот комитет за човечко братство е формиран во август 2019 година во Абу Даби за обединување на човештвото да работи за мир во светот и да им гарантира на идните генерации атмосфера на взаемно почитување и здрав соживот.

Би можело да ве интересира

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик