Папата повика на мир и зачувување на животната средина

Од:

Папата Франциско служеше денеска прва Велигденска утринска миса, откако е избран, и упати порака Urbi et Orbi (За Рим и Светот) на 60 јазици во која повика на мир во светот, решавање на кризата на Корејскиот полуостров, но и зачувување на животната средина и спречување на трговијата со луѓе.

Во пораката тој повика и на решавање на судирот меѓу Израелците и Палестинците и решавање на конфликтите во африканските држави.

Папата ја осуди алчноста и „неморалноста на експлоатацијата на природните ресурси“ и повика верниците да бидат „чувари“ на она што е создадено.

Посакувајќи мир за светот тој ја осуди себичноста која е закана за човечките животи и семејствата и која е „отелотворена во трговијата со луѓе, најраширен облик на ропство во 21 век“.

Папата зборуваше пред околу 250 илјад верници кои присуствуваа на велигденската миса.

– Мир во Азија и пред се на Корејскиот полуостров, нека недоразбирањата бидат надмминати, а обновен духот на помирување, рече новиот папа.

Тој наведе дека и верата може да ги преобрази животите на верниците.

– Колку пустини, дури и денес луѓето мора да минат, пред се пустини во нив самите кога немаат љубов кон Бога и соседот, кога не разбираме дека сме чувари на се она што Творецот ни го дал и што ни го дава, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство