Папата одржа миса на Бадник

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија.

dobivaj vesti na viber

Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите по повод Божиќните празници во Ватикан, кога се слави раѓањето на Исус во Витлеем.

Полноќната миса всушност започна во 19.30 часот, делумно поради издржливоста на 85-годишниот папа, а делумно како нешто што е пренесено од минатата година кога богослужбата мораше да заврши пред полицискиот час кој беше во сила низ Италија.

Оваа година нема полициски час, но бројот на случаи неделава скокна дури и над нивото од 2020 година. Италија втор ден по ред има нов дневен рекорд на новозаразени со 50.599 случаи. Во претходните 24 часа починаа 141 лице, со што вкупниот број на починати во земјата во пандемијата се искачи на 136.386.

Државниот секретар на Ватикан воведе нова задолжителна вакцинација за сите вработени во Ватикан, проширувајќи ја на сите освен оние кои го прележале коронавирусот. Претходно, вакцинацијата беше задолжителна само за оние кои се во директен контакт со јавноста, како што се вработените во Музејот на Ватикан и членовите на Швајцарската гарда, додека другите можеа да одат во просториите на Ватикан со редовно тестирање.

Задолжителната вакцинација не важи за верниците кои присуствуваат на миса, но тие мора да носат маски.

Папата Франциск рече дека вакцинацијата е „чин на љубов“ и ги повика побогатите земји да обезбедат вакцини за земјите во развој.

Би можело да ве интересира

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

Предраг Петровиќ

Папата Франциск користеше инвалидска количка

Ана Ололовска

Папата: Орбан ми кажа дека Путин планира да ја заврши војната на 9 мај

Ана Ололовска

Папата Франциск бара средба со Путин, Москва засега без одговор

Ана Ололовска

Папата Франциск повторно повика на велигденско примирје

Ана Ололовска

Орбан во посета на Ватикан