Папата: Одбивањето на мигрантите скандалозно, одвратно и грешно

Од:

Папата Франциско денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.

„Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи“, рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа.

„Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев. Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош“.

Тој наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска