Папата ја прифати оставката на хамбуршкиот кардинал за скандалот со сексуални злоупотреби

Од:

Папата Франциск ја прифати оставката на Стефан Хесе, кардиналот на Хамбург, кој се понуди да замине од функцијата откако тим германски адвокати го објавија огормниот извештај на 800 страници за случаите на сексуално злоставување во градот Келн.

Епархијата во Хамбург денеска ја потврди одлуката на Ватикан, јави ДПА.

Хесе е еден од бројните свештеници кои го објавија своето заминување или отсуство по објавувањето на извештајот, според кој, од 1975 до 2018 година, 202 лица во Келнската архиепископија биле осомничени за вмешаност во злоупотреба, и дека 63 отсто од обвинетите биле свештеници.

Во речиси половината од посочените случаи, или 47 проценти, обвинувањата се однесуваат на сексуално злоставување или сериозно сексуално злоставување. Останатите се класифицирани како преминување на дозволените граници и други сексуални малверзации.

Хесе бил шеф на персоналот во католичката архиепископија во Келн за време на опфатениот период од истрагата водена од адвокатите Бјоерн Герке и Керстин Штирнер.

Веста за заминувањето на кардиналот на Хамбург доаѓа во ист ден кога Ватикан соопшти дека казнил двајца полски бискупи за небрежност во борбата против сексуалната злоупотреба против малолетни лица во рамките на нивните епархии, се наведува во соопштението на папскиот нунциј, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор