Папата ја осуди свирепоста на руските сили во војната во Украина, која можеби беше „предизвикана“

Од:

Папата Франциск денеска ја осуди „суровоста“ на руските војници пред „храбриот“ украински народ, додавајќи дека војната можеби беше „предизвикана“ или „можеби не беше спречена“.

Во интервју за европски језуитски часописи, што денеска го објави италијанскиот весник La Civilta Cattolica, папата одби да го сведе конфликтот на борба меѓу „доброто и злото“.

-Тоа што го гледаме е бруталноста и суровоста со која оваа војна ја водат трупи, главно платеници, користени од Русите. Русите претпочитаат (да се борат) да испраќаат Чеченци, Сиријци, платеници, рече папата Франциск, кој од почњетокот на руската инвазија на 24 февруари во неколку наврати повика на мир.

Тој кажа дека има опасност и во тоа да не ја видиме „драмата што се случува зад оваа војна, а која можеби на одреден начин е испровоцирана или не е спречена“, осудувајќи ја повторно индустријата за оружје.

-Сега можеше да ми се каже: „Ама ти си за Путин! Не, не сум, рече папата и појасно дека „би било поедноставено и погрешно да се каже нешто такво“, додавајќи дека е потребно да се разгледаат „,многу сложените“ причини и интреси на овој судир.

„Вистина е и дека Русите мислеа дека сè ќе биде готово за една недела. Но, повторно се пресметаа. Наидоа на храбри луѓе, луѓе кои се борат да преживеат и кои имаат искуство во борба“, рече папата Франциск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина