Папата ги повика САД и Иран да го обноват дијалогот

Од:

Папата Франциск денеска ги повика САД и Иран да избегнат ескалација на насилствата и да продолжат со дијалогот за да избегнат поширок конфликт на Блискиот исток.

Папата ова го изјави на годишниот говор познат како „Светска држава” кој го одржа пред сите акредитирани амбасадори во Ватикан, јави дописникот на МИА.

– Сигналите од целиот регион се особено проблематични по засилените тензии меѓу Иран и САД. Затоа, јас го повторувам мојот апел до сите засегнати страни да избегнат ескалација на конфликтот и да го одржат „пламенот“ на дијалогот и воздржаноста со целосно почитување на меѓународното право, рече папата.

Поглаварот на Католичката црква додаде и дека тензиите меѓу САД и Иран го попречуваат закрепнувањето на Ирак и се основа за огромен конфликт. Според него, последните тензии имаат потенцијал да го запалат целиот регион.

Инаку, Франциск веќе ги повика сите верници да се молат за мир во Ирак и Иран.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел