Папата ги повика „неправедно искористуваните“ калуѓерки да се „борат“

Од:

Папата Франциск вчера ги повика калуѓерките да се борат доколку со нив „неправедно се постапува, дури и во рамките на Црквата“, признавајќи дека нивната служба понекогаш се „сведува на ропство“.

dobivaj vesti na viber

-Ги повикувам да се борат кога, понекогаш, кон нив неправедно се постапува. Дури и внатре во Црквата, кога нивната служба, толку благородна, е сведена на ропство. Понекогаш за тоа се одговорни луѓето од Црквата, рече Светиот Отец во видео пораката објавено вчера за да ги претстави неговите февруарски молитвени намери посветени на калуѓерките и жените посветени од Бога.

„Нека не се обесхрабруваат“, додаде 85-годишниот папа, кој постојано го осудува „насилството и ропскиот однос кон жените“.

Прашањето за калуѓерките кои ги извршуваат домашните работи во служба на машката црковна хиерархија, особено на кардиналите и членовите на Куријата, веќе беше во центарот на јавниот интерес.

-Овие жени работат како слугинки за свештеници, бискупи и кардинали, каде готват, чистат, перат облека, и се многу слабо платени, изјави Луцета Скарафија, историчар, коментатор и поранешен директор на списанието „Жена, црква, свет.

„Тоа во црквата се смета за нормално: жените мора да служат без да бараат ништо за возврат“, додаде Скарафија, авторка на книгата „Феминисткиња и христијанка“. „Тие се научени да бидат почестени со тоа што им служат на свештениците. Тоа е начин на размислување“, додаде таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Папата испрати порака до Израел и Палестина: Насилството убива, барајте дијалог

Ана Ололовска

Папата увери дека Црквата работи на борбата против педофилијата

Горан Наумовски

Папата Франциск во Бахреин повика да не се прекршуваат човековите права на шиитите

Ана Ололовска

Папата Франциско упати молитви за жртвите од трагедијата во Сеул

Ана Ололовска

Папата Франциск: Калуѓерки и свештеници гледаат порнографија, од таму доаѓа ѓаволот

Ана Ололовска

Папата се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон

Ана Ололовска