Папата ги посети украинските деца кои пристигнаа на лекување во Рим

Од:

Папата Франциско денеска ги посети децата бегалци од Украина кои се лекуваат во детската болница во Рим.

Деца заболени од рак, невролошки и други болести, но и повредените во нападите, на почетокот на војната во Украина беа донесени на лекување во Италија.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, рече, како што пренесува Catholic News Agency, дека некои од хоспитализираните деца биле повредени во нападите.

Папата Франциско застанал во секоја болничка соба во која биле украинските деца. Досега во болницата се примени 50 деца, но денеска само 19 се хоспитализирани.

На почетокот на оваа недела, папата Франциско се молеше за сите деца кои живеат „под бомби“, кои ја гледаат оваа страшна војна, кои немаат храна, кои мораат да избегаат оставајќи го својот дом.

Папата Франциско вчера изјави дека војната во Украина е „перверзна злоупотреба на моќта“ од лични интереси, што ги осудува беспомошните луѓе на насилство.

Папата не ја именуваше директно Русија, но употреби термини како „неприфатлива вооружена агресија“ за да ја нагласи својата позиција.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин