Папата Франциско загрижен поради хуманитарната криза во Сирија

Од:

Папата Франциско во писмото упатено до претседателот на Сирија, Башар ал Асад изрази загриженост поради хуманитарната ситуација во земјата и апелира на да се стави крај на осумгодишната војна.

Папата во писмото бара и безбедно враќање на милионите раселени лица, хумано постапување со политичките затвореници и продолжување на преговорите за политичкото решавање на конфликтот.

– Во срцето на оваа иницијатива е загриженоста на папата Франциско поради хуманитарната ситуација во Сирија, посебно во провинцијата Идлиб, изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.

Асад, откако го доби писмото од папата, изјави дека е важно да се изврши притисок врз државите кои ги поддржуваат бунтовниците, кои сакаат да го соборат од власт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети