Папата Франциск: Војната во Украина е перверзна злоупотреба на моќта

Од:

Папата Франциск ја нарече војната во Украина „перверзна злоупотреба на власта“ во име на нечии интереси, поради што беспомошните луѓе се подложени на брутално насилство, пренесува АНСА.

– Перверзната злоупотреба на моќ му се заканува на човештвото, изјави денеска папата Франциск за војната во Украина во пораката за Конференцијата во Братислава „Европски католички социјални денови“.

– Потресниот плач за помош од нашите браќа Украинци нè наведува да плачеме со нив и да дејствуваме за нив, да ја споделиме болката на народот кој е ранет во својот идентитет, историја и традиција. Крвта и солзите на децата, страдањата на мажите и жените кои ја бранат својата земја или бегаат од бомбите, ја потресуваат нашата совест“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.

На конференцијата, папата на присутните им кажа дека „дивјаштвото ги убива нашите браќа“.

-Навикнати сме да добиваме вести од далечни војни: Сирија, Јемен. Отрпнавме. Сега војната се приближи, таа е практично во нашите домови и тоа нè тера да размислуваме за дивјаштвото на човечката природа, степенот на нашата способност да убиваме, убијците на нашите браќа“, порача папата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ