Папата Франциск: Трамп и Ким добар пример за култура на средба

Од:

Папата Франциск денеска го поздрави состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, изразувајќи надеж дека тоа ќе доведе до мир.

– Во текот на изминатите неколку часа во Кореја видовме добар пример за култура на средба. Ги поздравувам протагонистите, молејќи се дека таков значаен гест ќе биде уште еден чекор на патот кон мирот, не само на полуостровот, туку и во корист на целиот свет, рече Папата на неделната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, се ракуваше со него, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски