Папата Франциск првпат именува жени во советодавниот одбор на бискупи

Од:

Папата Франциск денеска именуваше три ќени за членки на Ватиканската канцеларија која ги проверува номинациите за бискупи, со што жените добиваат право на глас во управувањето со католичката црква.

Дикастериумот за бискупи ја надгледува работата на повеќето од 5.300 епископи, кои водат епархии ширум светот. Дикастериумот е составен од кардинали, бискупи и првпат и од жени, има периодични средби на кои се оценуваат предложените нови бискупи.

Папата сепак ја носи конечната одлука и може да ги заобиколи кандидатите предложени од неговите амбасадори, кои потоа се проверени од Дикастериумот.

Додавањето жени во процесот на консултации е сепак значајно и е одговор на повиците да се прекине свештеничката хиерархија на Светата столица, која се состои само од мажи, и на барањата жените да имаат поголемо учество во одлучувањето во црквата.

Новите членови се калуѓерката Рафаела Петрини, која веќе има висока позиција во Ватикан како генерален секретар на државата Ватикан, која раководи со ватиканските музеи и другите административни делови на територијата. Потоа калуѓерката Ивон Реунгот, поранешена претпоставена на религиозниот ред Ќерките на Марија и Марија Лиа Зервино, претседателка на Светската унија на католички женски организации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

Папата Франциск на итна операција, Ватикан објави детали

Катерина Ѓуровски