Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

Од:

Папата Франциск денеска повика на прекин на насилството во Ерусалим, повикувајќи ги двете страни да бараат решенија за почитување на мултикултурниот идентитет на светиот град.

„Насилството раѓа насилство, запрете ги конфликтите“, рече Папата, обраќајќи се на аџиите кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Израелската полиција се судри со Палестинците синоќа пред стариот град во Ерусалим, а претходно спречи автобуси со муслимански верници кои се движеа кон тој град.

Судирите избувнаа пред џамијата Ал Акса, каде што се собраа околу 90.000 Палестинци, а во источен Ерусалим полицијата употреби шок-бомби.

Според палестинскиот Црвен крст, најмалку 53 лица се повредени, а израелската полиција наведува дека е повреден и еден полицаец.

Би можело да ве интересира

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел

Растат тензиите во Ерусалим на две недели пред светиот муслимански месец Рамазан

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

ВИДЕО: Напад во Ерусалим, има мртви

Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам

Израел: Цивилите во Ерусалим беа застрелани од Хамас

Горан Наумовски