Папата Франциск открива дека му недостига слободата да оди по улиците и дека потпишал писмо за оставка во случај на нарушено здравје

Од:

Папата Франциск во интервју за шпанското издание „A Бе Се“ откри дека му недостасува слободата да шета по улиците.

– Контактот со луѓето ме исполнува, затоа не ја откажав генералната ауденција во средата, рече тој.

Во интервјуто кое го пренесува ДПА, папата се потсети и на годините што ги поминал како епископ во Буенос Аирес, во неговата родна Аргентина, каде што се чувствувал многу слободен. „Користев јавен превоз, сакав да гледам луѓе како се движат. Неможноста да излезам е најтешкиот дел од моето папство“, призна Франциск.

Изданието потсетува дека сега на Франциск би му било навистина тешко да оди надвор, со оглед на тоа што веќе некое време има болки во коленото. Операција би му ја олеснила состојбата, но папата досега одбиваше да се подложи на истата. Според него, ова е правилна одлука бидејќи, како што вели: „Човек владее со глава, а не со колена“.

Во интервјуто, папата исто така сподели дека откако бил избран на таа функција пред девет години, напишал писмо со оставка што ќе го искористи ако еден ден има сериозни и постојани здравствени проблеми што ќе го спречат да ги исполни своите должности.

Франциск рече дека му го предал писмото на тогашниот државен секретар на Ватикан, кардинал Тарчисио Бертоне. Бертоне беше на таа позиција околу 6 месеци откако Франциско беше избран за папа на 13 март 2013 година. Папата рече дека не знае кому Бертоне го дал писмото. – Но, јас му го дадов кога беше државен секретар, рече Франциск, откривајќи и го ова на пошироката јавност за првпат.

Во јулското интервју за Ројтерс, поглаварот на Римокатоличката црква ги отфрли шпекулациите дека може да поднесе оставка во скоро време и го повтори својот често повторуван став дека може да поднесе оставка еден ден доколку неговото здравје го спречи да раководи со црквата.

Оттогаш, Франциск патувал во странство три пати – во Канада, Казахстан и Бахреин. Тој сега планира да ги посети Демократска Република Конго и Јужен Судан помеѓу 31 јануари и 5 февруари.

За пократки прошетки користи бастун, но за подолги патувања користи инвалидска количка.

Во интервјуто за A Бe Сe, папата изјави дека верува дека папата Павле VI и папата Пиј XII исто така напишале писма со оставка, но и двајцата починале додека биле на функција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска