Папата Франциск на годишнината од експлозијата во Либан се помоли за семејствата на жртвите

Од:

Папата Франциск денеска ја одбележа втората годишнина од експлозијата во пристаништето во Бејрут, велејќи дека вистината и правдата „никогаш не можат да се сокријат“.

Потсетувајќи на утрешната годишнина, Папата рече дека се моли за семејствата на жртвите од „катастрофалниот настан и за драгиот либански народ“.

„Се молам секој да најде утеха во верата и правдата и вистината што никогаш не може да се сокрие“, рече тој.

Пред две години експлодираа речиси 3.000 тони високоексплозивен материјал, амониум нитрат, кој се користи како ѓубриво, неправилно складиран во пристаништето на либанската престолнина.

Тоа беше една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, во која загинаа 215 луѓе, беа повредени повеќе од 6.000 и беа уништени делови од Бејрут.

Папата Франциск (85) се помоли Либан повторно да се роди и да биде вистинска „земја на мирот и плурализмот каде што различните заедници ќе можат да живеат во братство“.

Тој планираше да го посети Либан минатата пролет, но повредата на коленото го одложи патувањето, а нов датум не е одреден.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца