Папата Франциск ја заврши историската посета на Ирак

Од:

Папата Франциск денеска ја заврши својата историска посета на Ирак и се враќа во Рим, јавија агенциите.

Поглаварот на Римокатоличката црква, вчера попладне, под силно обезбедување, одржа миса пред илјадници верници во градот на Ербил, во Курдистан.

Франциск на мисата беше превезен со неговото специјално блиндирано возило, „папамобил“, додека верниците беа на тревникот и на трибините на стадионот, на доволна одалеченост поради епидемиолошките мерки. По патувањата со авион, хеликоптер и блиндиран автомобил, папата вчера беше најблиску до верниците.

За време на неговата тридневна посета на Ирак, папата Франциск во древниот град Наџаф разговараше со еден од највисоките шиитски духовни лидери во Ирак, ајатолахот Али ал-Систани, а го посети и древниот град Ур, родниот град на пророкот Аврам, родоначалникот на јудеизмот.

Пред посетата, папата рече дека оди на аџилак на мирот, по повеќе години војна и тероризам.

Тој инсистираше да го реализира ова патување и покрај зголемувањето на бројот на случаи со коронаворус во Ирак и особено поради згариженоста за неговата безбедност.

Би можело да ве интересира

Бајден објави дека до крајот на годината завршува американската воена мисија во Ирак

Ана Ололовска

Ал-Кадими: Во Ирак веќе не се потребни американски војници за борбата против ИД

Ана Ололовска

Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам

Ана Ололовска

Со дрон нападната американска воена база во ирачки Курдистан, нема повредени

Ана Ололовска

Крвав напад на пазар во Багдад, дваесетина загинати

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ново страдање во Багдад – бомба разнесе десетици луѓе кои пазаруваа за Курбан Бајрам

Жарко Настоски