Папата Франциск изјави дека украинските бегалци се третираат поинаку

Од:

Папата Франциск изјави дека расизмот стои зад фактот што многу земји се поотворени за бегалците од Украина, отколку за луѓето од другите делови на светот.

Говорејќи за италијанската телевизија Раи, понтифот рече дека најслабите секогаш страдале најмногу во војните.

– Бегалците се поделени. Прва класа, втора класа, според бојата на кожата, без разлика дали доаѓате од развиена или неразвиена земја … Ние сме расисти. И тоа е лошо, нагласи тој.

Папата Франциск изјави дека прифаќа дека земјите имаат право да се бранат, но рече дека општото напуштање на мирот е проблем.

– Живееме според идеја каде што се убиваме поради потребата за моќ, за безбедност, за многу работи, рече поглаварот на Католичката црква.

– Ги разбирам владите кои купуваат оружје. Ги разбирам, но не го одобрувам тоа, нагласи тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков