Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините

Од:

Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против коронавирус, со што го поддржа и предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, на кој се спротивставуваат некои европски земји, вклучувајќи ја и Германија.

Во говорот на концертот за прибирање средства за промовирање на еднаков пристап до вакцините, Папата истакна дека светот е заразен со „вирусот на индивидуализам“.

„Варијанта на овој вирус е затворен национализам што спречува, на пример, интернационализам на вакцини“, рече тој во претходно снимената видео порака.

„Втората опција е кога ќе ги ставиме правата на пазарот, интелектуалниот пазар или интелектуалната сопственост пред законите на љубовта и здравјето на човештвото“, додаде папата Франциск, потсетувајќи на големиот број смртни случаи од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

Папата Франциск на итна операција, Ватикан објави детали

Катерина Ѓуровски