Папата донираше половина милион долари за мигрантите во Мексико

Од:

Папата Фракциско донираше половина милион долари помош за мигрантите во Мексико и за локални организации што им обезбедуваат храна, засолниште и други средства за живот.

Парите ќе бидат за 27 локални проекти промовирани од 16 мексикански епархии и верски заедници.

Илјадници имигранти од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала пристигнаа во Мексико во последниве неколку месеци. Сепак, американските власти не им дозволуваат да влезат во САД.

Помошта од папата е наменета за повеќе од 75.000 луѓе кои пристигнале во Мексико во 2018 година од централно-американските држави.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви