Папата: Боже, побрзај, прекини ја војната во Украина

Од:

Папата Франциск го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина и повика на прекин на огнот за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот, барајќи од Бога да побрза да ја прекине војната.

Папата одржа говор на генералната аудиенција на плоштадот Св. Петра во време кога НАТО ги истражува непотврдените информации дека експлозијата во полско село на границата со Украина била предизвикана од залутани руски ракети. Папата не го спомна тој инцидент во својот говор.

„Со болка и загриженост дознав за нов и уште помоќен ракетен напад врз Украина кој предизвика смрт и голема штета на цивилната инфраструктура“, рече Папата.

„Се молиме Господ да ги преобрати срцата на оние кои сè уште веруваат во војна и желбата за мир да надвладее во маченичката Украина со цел да се избегне ескалација и да се отвори патот за дијалог и прекин на огнот“, додаде тој. Неколку минути подоцна, зборувајќи за Украина, тој накратко рече: „Можеме да се молиме за Украина и да кажеме, Боже, побрзај“.

Да потсетиме, Русија вчера лансираше 110 проектили и десет беспилотни летала од иранско производство, соопштија од главниот штаб на украинската армија. Минатиот месец папата Франциско директно побара од рускиот претседател Владимир Путин да ја запре спиралата на насилство и смрт во Украина.

Би можело да ве интересира

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

Папата Франциск на итна операција, Ватикан објави детали

Катерина Ѓуровски